„Виз ер“ и „ТАВ Македонија“ најавија шест нови дестинации

Bez autora
Jan 22 2015

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ објави дека на аеродромот „Александар Велики“ ќе постави и трет авион и потврди дека ќе лета до шест нови дестинации од аеродромите под менаџмент на „ТАВ Македонија“ во Скопје и во Охрид. Компаниите ги најавија авионските рути организирајќи специјален, бесплатен, лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 октомври“ до воздушниот простор над Охридското Езеро и назад до „Александар Велики“. „Виз ер“, најголемиот нискотарифен авиопревозник во централна и во источна Европа, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје. Компанијата ќе почне пет нови летови од метрополата до Фридрихсхафен, Осло-Торп, Барселона, Хамбург-Лубек и Нирнберг. За секоја од овие рути ќе има по два термина неделно. Дополнителниот авион ќе му овозможи на „Виз ер“ да го зголеми бројот на летови во неделата на постоечките дестинации од главниот град до Келн, Гетеброг, Франкфурт-Хан, Малме, Милано-Бергамо и Париз-Бове.

„Виз ер“ и „ТАВ Македонија“ најавија шест нови дестинацииНискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ објави дека на аеродромот „Александар Велики“ ќе постави и трет авион и потврди дека ќе лета до шест нови дестинации од аеродромите под менаџмент на „ТАВ Македонија“ во Скопје и во Охрид.

Компаниите ги најавија авионските рути организирајќи специјален, бесплатен, лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 октомври“ до воздушниот простор над Охридското Езеро и назад до „Александар Велики“.

„Виз ер“, најголемиот нискотарифен авиопревозник во централна и во источна Европа, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје. Компанијата ќе почне пет нови летови од метрополата до Фридрихсхафен, Осло-Торп, Барселона, Хамбург-Лубек и Нирнберг. За секоја од овие рути ќе има по два термина неделно. Дополнителниот авион ќе му овозможи на „Виз ер“ да го зголеми бројот на летови во неделата на постоечките дестинации од главниот град до Келн, Гетеброг, Франкфурт-Хан, Малме, Милано-Бергамо и Париз-Бове.

Исто така, „Виз ер“ ќе почне да лета и од вториот аеродром во земјава, охридскиот „Св. Апостол Павле“, кој е под менаџмент на „ТАВ Македонија“. Со оваа рута, која што од 1 јули двапати неделно ќе води до Базел-Мулхаус, бројот на летови во мрежата на „Виз ер“ ќе достигне 110. Компанијата сега од Македонија нуди летови до вкупно 20 дестинации во 10 држави.

„Денешната најава е одлична вест за Македонија. Со зголемувањето на нашата флота во Скопје и додавањето на Охрид во нашата мрежа, создаваме повеќе можности за патување и поголем избор на дестинации. Се надеваме дека ова ќе резултира со создавање повеќе работни места на локално ниво, како и уште повеќе да го поттикне туризмот во земјата. Очекуваме дека шестте нови рути и зголемениот капацитет на постоечките ќе биде широкоградо прифатено од корисниците ако се знае дека овозможуваме уште нискотарифни летови во Македонија“, изјави Џон Стивенсон, заменик извршен директор на „Ви зер“.

Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“, рече дека проширувањето на листата со дестинации од домашните аеродроми е позитивен резултат на посветеното делување на компанијата.

„Ова е извонредна можност за патниците кои со задоволство ги искористуваат услугите што на секојдневно ниво им ги овозможуваме. Шестте нови летови се потврда за непрекинатата работа со која што обезбедуваме сè што е потребно за воздухопловните компании да ги користат македонските аеродроми, но и за корисниците да го добијат најдоброто можно искуство како патници. Токму последново го имавме предвид кога беше предложен летот за штитениците од домот за деца без родители „11 октомври“ од Скопје. Со тоа што беше организиран, се надеваме дека барем за кратко на овие деца им овозможивме да откријат што значи да се патува со авиони и преку аеродроми. Исто така, оваа активност целосно влегува во нашите замисли за корпоративната општествена одговорност, поле во кое што „ТАВ Македонија“ ќе продолжи да работи и во иднина, со искрена намера да помогне таму каде што е најпотребно“, истакна Крстевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik